• петок, 22 ноември 2024

ПС на НАТО: Алијансата треба да остане со Украина до победата

ПС на НАТО: Алијансата треба да остане со Украина до победата

Копенхаген, 10 октомври 2023 (МИА) -  Парламентарното собрание на НАТО ги повика владите и земјите од воената алијанса да продолжат да ја поддржуваат Украина и да стојат покрај земјата се додека не ја постигне победата во војната против Русија. 

Укринформ пренесува дека овој став произлегува од резолуцијата „Имплементација на одлуките на самитот во Вилнус: забрзување на адаптацијата на НАТО, поддршка на Украина“, што беше усвоена вчера на годишната сесија на Парламентарното собрание на НАТО во Копенхаген.

 „НАТО треба да има јасна визија за тоа како војната во Украина мора да заврши и да стои на страна на Украина додека не се постигне победата на Украина“, се наведува во документот.

Собранието на НАТО го осуди континуираното руско водење и ескалација на незаконската, неиспровоцирана и брутална војна, вклучувајќи ги и редовните и отворени гаѓања на населените центри и цивилната инфраструктура, како што се објектите за складирање и транспорт на храна, и систематското извршување на бројни воени злосторства, злосторства против човештвото и пријавените случаи на геноцид на незаконски окупирани територии. 

НАТО, исто така, го повтори својот став дека „руската држава, под нејзиниот сегашен режим, е терористичка“. 

Парламентарното собрание на НАТО ги повика владите и парламентите на Алијансата „дополнително да ја зголемат својата воена, разузнавачка, финансиска, професионална и хуманитарна поддршка за Украина, вклучувајќи и забрзување на испораката на доволни количества напредно оружје што на Украина и треба за да се заштити и да го обнови територијалниот интегритет во нејзините меѓународно признати граници од 1991 година“. сд/

фото:МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан