• понеделник, 26 август 2024

ПСЖ ќе го купи играчот од средниот ред на Наполи, Руиз за 24 милиони евра

ПСЖ ќе го купи играчот од средниот ред на Наполи, Руиз за 24 милиони евра
Париз, 28 август 2022 (МИА) - Пари Сен-Жермен ќе потпише договор со играчот од средниот ред на Наполи, Фабијан Руиз, објави новинарот Николо Шира на Твитер. Според Шира, парискиот клуб за 26-годишниот Шпанец ќе плати 24 милиони евра, вклучувајќи бонуси. Се очекува клубовите трансферот да го комплетираат на 29 или 30 август. Платата на играчот од средниот ред во ПСЖ ќе биде пет милиони евра годишно. Руиз минатата сезона постигна седум гола и даде пет асистенции на 38 настапи за наполитанците во сите натпреварувања. Неговиот договор со клубот е до 30 јуни 2023 година. зс/

Остани поврзан