• недела, 28 јули 2024

ПСЖ сака да го размени Икарди за Агуеро

ПСЖ сака да го размени Икарди за Агуеро
Париз, 18 октомври 2021 (МИА) - Пари Сен Жермен сака да го размени напаѓачот Мауро Икарди со фудбалерот на Барселона, Серхио Агуеро, пренесува „Ел Национал“. Според изворот, една од причините за евентуалниот трансфер е желбата на напаѓачот на ПСЖ, Лионел Меси да игра во ист тим со Агуеро. Оваа сезона, играчот одигра еден натпревар за Барселона и нема постигнато гол. Икарди учествуваше на 11 средби и постигна три погодоци. зс/

Остани поврзан