• среда, 27 ноември 2024

Прскање против комарци в понеделник во Охрид

Прскање против комарци в понеделник во Охрид
Охрид, 8 јули 2022 (МИА) - Општина Охрид в понеделник ќе спроведе дезинсекција против комарци од земја. Општинската прес-служба соопшти дека прскањето ќе се реализира во периодот од 19 часот на 11 јули до 6 часот следниот ден. Со дезинсекцијата ќе биде опфатено Охридското крајбрежје на потег од селото Подмолје до комплексот Свети Наум, територијата на град Охрид, како и потегот на река Грашница и Коселска Река. - Се молат пчеларите и пчеларските задруги да ги превземат соодветните мерки за заштита на пчелите, а граѓаните да го намалат своето движење во периодот на прскање, стои во информацијата на Општина Охрид. Во случај на неповолни временски услови, ветер или дожд дезинсекцијата, според најавата, ќе се одложи за следниот поволен ден. сс/дма/

Остани поврзан