Проштална средба Османи - Брнз: Конзистентна американска поддршка за демократскиот развој и патот кон ЕУ
- Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денеска, одржа проштална средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави Кејт Мари Брнз.

Скопје, 13 септември 2022 (МИА) - Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денеска, одржа проштална средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави Кејт Мари Брнз.
Како што соопшти МНР, средбата се реализираше на 27-годишнината од воспоставувањето дипломатски односи меѓу Северна Македонија и САД, што претставуваше убава прилика да се поздрават многуте заеднички успеси и достигнувања низ годините, со посебен акцент на партнерството во рамки на НАТО Алијансата и неодамна одржаниот Стратешки дијалог меѓу двете земји.
-Министерот Османи се заблагодари за активниот и континуиран ангажман на амбасадорката Брнз во насока на продлабочување на билатералните односи меѓу двете земји, како и за конзистентната американска поддршка за демократскиот развој на Северна Македонија и напредокот на патот на европските интеграции, стои во соопштението. вг/са/