• сабота, 27 јули 2024

Проштална средба на Џафери со амбасадорката на Црна Гора Марија Петровиќ

Проштална средба на Џафери со амбасадорката на Црна Гора Марија Петровиќ

12 декември 2023 

Претседателот Џафери, на денешната проштална средба со амбасадорката на Црна Гора Н.Е. Марија Петровиќ, изрази задоволство од средбата и се заблагодари за нејзиниот придонес во одличните односи меѓу двете земји. Потврди дека како земји членки на НАТО сојузот, имаме соработка во областа на безбедноста а во исто време соработката се одвива и на планот на заедничките аспирации за интеграција во Европската Унија.

Претседателот Џафери, понатаму истакна дека како регион се соочуваме со тешки предизвици како што беше пандемијата со КОВИД, актуелната војна во Украина и конфликтот во Газа. И во вакви тешки времиња, со искрена соработка успеавме да ги одржиме одличните взаемни односи меѓу нашите земји а и да го дадеме својот придонес за мир и соработка во регионот на Западен Балкан.

Ја информираше амбасадорката во заминување за предвидените претседателски и парламентарни избори на пролет идната година и изрази надеж дека од сите политички чинители ќе биде разбрана историската одговорност за земјата и дека ќе можеме да го продолжиме патот кон Европската Унија.

Амбасадорката Петровиќ изрази голема благодарност за одличната соработка со претседателот Џафери и воопшто за соработката меѓу Република Северна Македонија и Хрватска, како на билатерален така и на мултилатерален план и изрази верба дека таа ќе продолжи со исто темпо и со новиот амбасадор на Црна Гора во нашата земја.

Претседателот Џафери и додели Признание на амбасадорката Петровиќ за нејзината успешна работа и и посака успех во понатамошниот професионален ангажман.

Собрание на Северна Македонија 

_______________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: Собрание на Северна Македонија 

 

Остани поврзан