• петок, 27 декември 2024

„Профундис“ ќе настапи на затворањето на фестивалот „Раванелиус“

„Профундис“ ќе настапи на затворањето на фестивалот „Раванелиус“

Скопје, 3 јули 2023 (МИА) - Македонскиот камерен оркестар „Профундис“ во сабота, 8 јули, ќе настапи на еден од најпрестижните фестивали за класична музика во регионот „Раванелиус“ во Ќуприја, Србија. „Профундис“ ќе биде дел од затворањето на овој музички фестивал.

Реномираниот камерен оркестар „Профундис“ е единствениот македонски претставник на овој фестивал, а на сцената заедно со нив како солист ќе настапи српскиот кларинетист Огњен Поповиќ.

- Ова е само еден од настапите кои уште еднаш го потврдуваат трудот, вредната посветеност и љубов која ја посветуваме во нашето творење и навистина со голема чест ја прифативме поканата на организаторите да настапуваме на затворањето на фестивалот на музички извонредности – Раванелиус и да ја делиме сцената заедно со најпознатниот српски кларинетист Огњен Поповиќ, изјави маестра Ѓурѓица Дашиќ, уметнички раководител и диригент на „Профундис“.

Инаку, Фестивалот на музички извонредности „Раванелиус“ преставува еден од најпрестижните фестивали во регионот кој преку својот современ концепт допринесува кон развој на класичната музика. Овогодинешното издание, кое се одржува од 1 до 8 јули, го отвори виолинистиот Немања Радуловиќ. Во своето четиригодишно постоење, фестивалот се закити со престижното признание „Музика класика“ за најдобар регионален фестивал во регионот и беше домаќин на преку 150 изведувачи со преку 4.000 посетители.бт/са/

Остани поврзан