• сабота, 23 ноември 2024

Професорот Филип Поповски нов претседател на Сенатот на УКЛО-Битола

Професорот Филип Поповски нов претседател на Сенатот на УКЛО-Битола

Битола, 30 август 2024 (МИА) - Филип Поповски, вонреден професор на Техничкиот факултет во Битола е избран за нов претседател на Сенатот на Универзитетот „Св. Климент Охридски“.

Од УКЛО-Битола информираа дека изборот на нов претседател на Сенатот го изврши изборна комисија, со тајно гласање, на седница на универзитетскиот Сенат, а е извршен по престанокот на мандатот на досегашниот претседател Николче  Јанкуловски, односно по неговото именување на функцијата заменик министер во Министерството за финансии.

Мандатот на новиот претседател на Универзитетскиот сенат е до 29.11.2024 година. мт/лв/

Фото: УКЛО-Битола

Остани поврзан