• сабота, 05 октомври 2024

Протест пред МВР и Владата во Тирана

Протест пред МВР и Владата во Тирана
Тирана, 4 август 2022 (МИА) - Граѓани, претставници на граѓански организации и опозициски политичари вечерва протестира пред Министерството за внатрешни работи во Тирана под мотото „Не ја уби чамецот, туку државата“, а потоа и пред Владата. Протестот се одржува по трагедијата што се случи на втори месецов, на плажата „Потами“ во јужното албанско гратче Химара, каде 7-годишното девојче Јонада Авдиа беше усмртено од удар на чамец што го управувал полицскиот комесар Арјан Тасе. Несреќното девојче било дојдено на одмор со нејзините родители, кои живееле во Велика Британија повеќе од две децении. На протестот беа побарани оставки од министерот за внатрешни работи Бледи Чучи, од генералниот директор на државната полиција, Гледис Нано и од министерката за туризам, Мирела Кумбаро. Дел од нив за се ја обвинија владата а некои побараа оставка од премиерот Еди Рама. На протестот беше и Сали Бериша, кој рече дека учествува како граѓанин. - Денеска протестирам како граѓанин. Ова е протест организиран од револтирани граѓани за настан кој ја шокираше цела Албанија. Иако малото девојче беше убиено од владин функционер. Потребна е итна оставка на министерот за внатрешни работи и министерот за туризам, рече Бериша. Подоцна се приклучи и доскорешниот претседател на државата и актуелен лидер на Партијата за слобода, Илир Мета. - Пред само кратко време во Јале беа повредени двајца граѓани, во слични околности а има и многу други несреќи. Не е преземена никаква мерка за спроведување на законот, не само тоа туку и цинизмот на власта која се фали дека земјата има најдобар туризам во регионот. Решението е протест, оставка на сите одговорни министри и градоначалникот каде се случи инцидентот или нивно разрешување, рече Мета. Учесниците во протестот потоа се упатија кон владата,каде на скалите пред влезната врата запалија свеќи, просторот го осветлија со мобилните телефони по што кусо се задржаа и пред претседателската резиденција, од каде упатија ултиматум до премиерот Рама доколку до понеделник не ги разреши „двајцата министри виновници“ протестите ќе продолжат. За протестот кој почна нешто во 19 часот и траеше два часа беа ангажирани големи полициски сили, кои формираа кордон пред министертвото, кој во еден момент протестантите се обидоа да го пробијат. Припадниците на единицата за брзи интервенции и специјалната едница „Шќипоња“ беа на готовност за да спречат евентуален обид демонстрантите да влезат во зградата на МВР или Владата. вт/
vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан