• четврток, 26 декември 2024

Протест на студентите по медицина поради предлог- законот со кој задолжително треба да работат во Албанија пет години по дипломирањето 

Протест на студентите по медицина поради предлог- законот со кој задолжително треба да работат во Албанија пет години по дипломирањето 

Тирана, 6 јули 2023 (МИА) - Студентите по медицина протестираа пред Собранието на Албанија, во знак на незадоволство од предлог-законот со кој, по дипломирањето,  задолжително треба да работат во земјата пет години по дипломирањето.

Незадоволство изразија пред Парламентот, кој со гласовите на владејачкото мнозинство одлучи предлог-законот да се изгласа по брза постапка, на 20 овој месец, за кога е закажана последната пленарна седница пред летните одмори.

Тие носеа плакати на кои пишуваше  "Долу диктатурата“, „Лекарите се покануваат, а не се принудуваат“, „Мојата диплома не е ваша сопственост", оценувајќи  го  принудното задржување во татковината како „одлука донесена со кршење на основните човекови права".

- Оваа одлука е дискриминаторска, со што целосно се кршат основните човекови права,  нашите  родители плаќаат данок за да се школуваме ние. Доколку не се слушне нашиот глас ќе ја бојкотираме новата академска година, порачаа тие прашувајќи го премиерот Еди Рама“ дали,  кога, по дипломирањето  заминал во Франција.

За донесување на законот по брза постапка гласале 64 пратеници социјалисти, а остро се спротивставиле пратениците од опозицијата. 

Ова е задолжителен услов за студентите кои првпат ќе се пријават на Медицинскиот факултет во новата академска година, додека за студентите од втора до шеста година обврската за работа е до три години, или можат да изберат да платат такса за студирање од 13 до 14 пати повисока,  ако се противат на задржување на дипломата по дипломирањето, наведува Топ чанел.

По масовниот бран заминувања на белите мантили, над 4.000

лекари и повеќе од 10.000 средно медицински кадар, главно во Германија, во Албанија се чувствува недостиг од овој кадар. вт/ми/

Фото: Топ чанел

Остани поврзан