Протест на вработени во ЈП „Улици и патишта“, бараат исплата на плата и К-15
- Вработени во Јавното претпријатие Улици и патишта, утрово протестираат поради неисплатени плата и К-15.

Скопје, 20 декември 2024 (МИА) - Вработени во Јавното претпријатие Улици и патишта, утрово протестираат поради неисплатени плата и К-15.
Протестот се одржува пред канцелариите на администрацијата на Град Скопје, организиран е од Независниот синдикат во јавното претпријатие, при Конфедерација на синдикални организации на Македонија, КСОМ. бд/аа/
Фото: МИА