Протест за „Монструм“, демонстрантите побараа меѓународна истрага за случајот
- Од плоштадот „Скендербег“ до пред канцелариите на Европската унија денеска се одржа протест за случајот „Монструм“.

Скопје, 8 септември 2021 (МИА) - Од плоштадот „Скендербег“ до пред канцелариите на Европската унија денеска се одржа протест за случајот „Монструм“.
Бедри Aјдари од Организациониот совет на протестот рече дека протестот е симболичен со мал број демонстранти со цел да се заштитат од Ковид-19.
Побараа повторно судење и меѓународна истрага за случајот „Монструм“. фф/дма/