Протест во Израел по повод 500 дена во заложништво: Семејствата бараат враќање на своите најблиски
- Семејствата на заложниците во Газа повикаа на враќање на своите најблиски додека земјата денеска одбележува 500 дена од масакрот на 7 октомври, јави „Ерусалим Пост“.

Ерусалим, 17 февруари 2025 (МИА) - Активисти и роднини на израелските заложници кои веќе 500 дена во Појасот Газа каде ги држи милитантната палестинска група Хамас, излегоа денеска на улиците и ги блокираа патиштата во поголемите израелски градови.
Според „Тајмс оф Израел“, роднините на израелските заложници, со поддршка на активисти, на овој начин го одбележуваат 500-тиот ден од заробеништвото на нивните најблиски.
Собраните пред зградата на Кнесетот во Ерусалим пред почетокот на протестниот марш му се заблагодарија на американскиот претседател Доналд Трамп и се согласија дека продолжувањето на војната е еднакво на „смртна казна“ (за заложниците).
Семејствата на заложниците во Газа повикаа на враќање на своите најблиски додека земјата денеска одбележува 500 дена од масакрот на 7 октомври, јави „Ерусалим Пост“.
Во 7 часот наутро, роднините на заложниците започнаа марш кон Кнесетот во Ерусалим.
Леви Бен Барух, чичко на заложникот Едан Александар (21), кој се наоѓа во заробеништво, пред резиденцијата на премиерот во Ерусалим одржа молитва за нивно ослободување.
- 500 дена нашите браќа и сестри се држени како заложници од Хамас. Утрото го започнуваме со крик и молба до Создателот на светот да ги ослободи од нивните маки. ‘Шма Израел’ (зраелска утринска молитва), ги слушаме нивните потресни сведоштва, а нашите срца се кинат“, изјави тој, пренесува Ен-12.
- Тие се врзани, гладни и измачувани. Бараме сите да се вратат дома, до последниот заложник, додаде тој.
Макабит Мајер, тетка на заложниците Гали и Зив Берман, киднапирани од Кфар Аза на 7 октомври, рече: „Денот 500 не се разликува од сите досегашни денови – продолжуваме да чекаме овој кошмар да заврши. И ние сакаме да почнеме да заздравуваме, а и мојата сестра заслужува повторно да ги прегрне своите синови.“
Хана Коен, тетка на заложничката Инбар Хајман, киднапирана од музичкиот фестивал Супернова, изјави: „Веќе 500 дена четири жени, две деца, мажи, војници и млади луѓе се држат како заложници од Хамас. По 500 дена, време е да се стави крај на страдањето и за нив и за нас.“
Естер Бухштаб, мајка на Јагев Бухштаб, кој загина во заробеништво, додаде: „Ние, семејствата, сме тука да потсетиме дека нема време за одложување.“
Во 11:40 часот семејствата започнаа со постење што ќе трае 500 минути, до 20 часот. ссм/
фото: ЕПА