• петок, 27 декември 2024

Протести во Париз поради новиот министер Дарманин, кој е под истрага за силување

Протести во Париз поради новиот министер Дарманин, кој е под истрага за силување
Париз, 11 јули 2020 (МИА) – Стотици жени вчера протестираа во Париз поради именувањето на Жералд Дарманин за министер за внатрешни работи и Ерик Дипонд-Морети, кој е именуван за министер за правда, а беше многу критичен за движењето „#MeToo“. Дарманин е под истрага за наводно силовање. Судот пред две години го отфрли случајот против Дарманин, но минатиот месец судот во Париз нареди повторна истрага за наводното силување. Демонстрантките бараа негова оставка и носеа порака „Сексистичка Влада, феминистичка освета“. ми/

Остани поврзан