• петок, 27 декември 2024

Протести во Австралија против расизмот

Протести во Австралија против расизмот
Канбера, 13 јуни 2020 (МИА) - Илјадници луѓе ширум Австралија протестираат против расната дискриминација и расно мотивираната полициска бруталност. Протестите се одржуваат и покрај апелите на властите тие да бидат откажани поради стравувањето од појава на втор бран на епидемија со новиот коронавирус. Демонстрантите носат  маски и ја почитуваат мерката за физичка дистанца. Демонстрантите носea транспаренти на кои пишува „Нема правда, нема мир“ и „Извинете што пречиме, но се обидуваме да го смениме овој свет“. Во Мелбуирн и во Сиднеј демонстрантите побараа ослободување на бегалците, кои се во долготраен, неоснован притвор. ми/

Остани поврзан