• четврток, 26 декември 2024

Просјак од САД ќе добие 100 милиони долари отштета по повреда од полицаец

Просјак од САД ќе добие 100 милиони долари отштета по повреда од полицаец

Атланта, 29 август 2022 (МИА) - Федералниот суд во Атланта, САД, донесе одлука на просјак да му се исплатат 100 милиони долари, бидејќи полицаец пред четири години го соборил со шок-пиштол на земја, по што човекот при падот си го повредил вратот и останал парализиран.

На тешко повредениот Џери Блесингејм (69), му е потребна 24-часовна нега што чини милион долари годишно, па досега има доспеано медицински сметки од 14 милиони долари, наведува неговиот адвокат. Поротата одлучи дека полицаецот Џон Грабс употребил прекумерна сила против Блесингејм, кој просел пари пред возач на автомобил, на 10 јули 2018 година. По инцидентот тој останал парализиран од вратот надолу. Адвокатот на Блесингејм, Кит Едвардс го тужеше градот Атланта и службеното лице, барајќи компензација за медицинските трошоци. Тужбата наведува дека кога пристигнале Грабс и уште еден полицаец, питачот разговарал со човекот во возилото. Грабс излегол од полициското возило и му рекол на Блесингејм да застане, но тој побегнал, па почнала потера по просјакот. Поротата утврди дека Полицискиот оддел на Атланта треба да плати 60 милиони долари, а Грабс - останатите 40 милиони долари.  си/сд/

Остани поврзан