• среда, 25 декември 2024

Просечната нето плата во јуни 31 869 денари

Просечната нето плата во јуни 31 869 денари
Скопје, 19 август 2022 (МИА) -  Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во јуни годинава изнесува 31 869 денари и во однос на јуни лани е зголемена за 10,9 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика. Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Објекти за сместување и сервисни дејности со храна, 23,1 процент, Уметност, забава и рекреација (17,5 проценти) и Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (16 проценти). Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, има во секторите: Финансиски дејности и дејности на осигурување (6 проценти), Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (5,7 проценти) и Рударство и вадење на камен (4,3 проценти). Според ДЗС, во јуни годинава просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен изнесувала 47 634 денари.лв/са/  

Остани поврзан