ЦГК: Просечната активна транспарентност на Владата, министерствата и на општините подобрена за три отсто од лани
- Просечната активна транспарентност на министерствата, на Владата и на општините за 2023 година изнесува 76 отсто и во однос на лани е подобрена за три процентни поени (од 73 на 76 отсто), покажува анализата на Центарот за граѓански комуникации (ЦГК), од редовното годишно рангирање на институциите според Индексот на активна транспарентност, односно според проактивното објавување информации од јавен карактер, во кое се вклучени 98 институции.
Скопје, 10 јули 2023 (МИА) - Просечната активна транспарентност на министерствата, на Владата и на општините за 2023 година изнесува 76 отсто и во однос на лани е подобрена за три процентни поени (од 73 на 76 отсто), покажува анализата на Центарот за граѓански комуникации (ЦГК), од редовното годишно рангирање на институциите според Индексот на активна транспарентност, односно според проактивното објавување информации од јавен карактер, во кое се вклучени 98 институции.
- Својата активна транспарентност годинава ја подобриле 54 отсто од институциите, за разлика од лани кога се подобриле 81 процент од нив. Активната транспарентност на министерствата и Владата изнесува 86 отсто, а на општините 74 проценти. За разлика од лани, министерствата се подобриле за нецел процентен поен, а општините за четири. Како и лани и годинава, само две институции, Министерството за одбрана и Владата, имаат по максимални 100 отсто, односно ги објавуваат сите предвидени информации од активната транспарентност, посочуваат од Центарот за граѓански комуникации.
Две општини, Велес и Гевгелија, се наоѓаат на третата позиција, со високи 99 отсто исполнетост на обврските за објавување информации според активната транспарентност.
Меѓу регионите, на првото место изби Источниот регион (со 83 отсто активна транспарентност), додека на последно место останува Скопскиот регион (со 66 проценти активна транспарентност).
Анализата на Центарот за граѓански комуникации покажува дека најмалку информации и министерствата и општините објавуваат за финансиите (општините само 57 отсто, а министерствата 62 проценти).
-Се влошува состојбата со одговорите на барањата за слободен пристап до информациите од јавен карактер што им беа испратени на сите институции во ист ден и со исто прашање. Општините одговорија во просек за 16 дена (лани за 12 дена), а министерствата одговорија за 19 дена (лани за 16 дена). Само 65 отсто од институциите одговорија во рамките на максималниот законскиот рок од 20 дена (лани тоа го сторија 93 проценти од институциите), соопштуваат од Центарот за граѓански комуникации. ир/са/
Фото: МИА архива