• вторник, 24 декември 2024

Пропадна иницијативата на ДПК за распуштање на Парламентот на Косово

Пропадна иницијативата на ДПК за распуштање на Парламентот на Косово

Приштина, 30 мај 2024 (МИА) - Пропадна иницијативата на Демократската партија на Косово (ДПК) да се распушти собранието и во Косово да се одржат предвремени избори, најрано на почетокот на јули, бидејќи опозицискиот Демократски сојуз на Косово (ДСК) и Алијансата за иднината на Косово ( АБК) не ја поддржа таа иницијатива, изјави лидерот на ДПК Мемли Красниќи.

Воедно, неодржувањето предвремени избори од владејачката Самоопределување го оценија како потврда за добро менаџирање од страна на актуелната власт.

-Денеска, 29 мај, како што наведов како краен рок во писмото упатено до тројцата политички лидери на албанските парламентарни партии, ве известувам дека можноста за распуштање на Собранието на Косово е веќе исцрпена, рече синоќа Красниќи, пренесе Бета.

Тој го изрази своето изненадување од неподготвеноста на ДСК и АБК да учествуваат на изборите и иронично рече дека тоа е „изгубена шанса“.

-Не паметам друг случај во историјата на парламентарна демократија кога власта вели „ајде на избори, ние сме подготвени“, а опозицијата вели „не, продолжи го мандатот до крај“, изјави Красниќи. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан