Пронајден уште еден напуштен „бетмобил“
- Од каде и да дошол овој „бетмобил“, според љубителите и познавачите, не само што е добра реплика, туку и очигледно е добро зачуван. И бојата е во добра состојба, а пак, кабината е исто така н

Далас, 20 јуни 2022 (МИА) - На интернет се појавија неколку слики од напуштен „Бетмен-автомобил“, среде поле, наводно - во околијата на Далас, Тексас, САД.
Од каде и да дошол овој „бетмобил“, според љубителите и познавачите, не само што е добра реплика, туку и очигледно е прилично добро зачуван. И бојата е во добра состојба, а пак, кабината е исто така неверојатно чиста и очигледно, ништо не е скршено. За разлика од „бетмобилот“ пронајден во шума лани, овој е во толку добра форма што веројатно би се продал за една минута ако се најде на пазарот, и тоа за добри пари... Дури и ако не работи.
Според наводите на западните медиуми, не се знае точно каде е, но самиот факт дека автомобилот е напуштен сред поле е огромна штета. си/сд/
