• понеделник, 16 декември 2024

Пронајден труп во атарот на делчевското село Очипала

Пронајден труп во атарот на делчевското село Очипала
Делчево, 20 ноември 2020 (МИА) - Човечки труп пронајден во атарот на делчевското село Очипала кај месноста „Чачарата“. Трупот е пронајден од полициски службеници од Полициската станица во Делчево, а информацијата ја потврдија од СВР Штип. -На 18.11.2020 околу 09.30 часот кај место викано „Чачарата“, атар на с.Очипала, делчевско, од страна на полициски службеници од Полициската станица Делчево бил пронајден човечки труп. Известен е Јавен обвинител, по чија насока трупот е предаден во Институтот за судска медицина во Скопје. Се работи на расчистување на случајот, се вели во соопштението од полицијата. Иако се уште се работи на утврдување на идентитетот на човечкиот труп, делчевецот Душко Ѓоргиев чиј татко Ристо Ѓеоргиев исчезна пред повеќе од два месеци тврди дека сите знаци укажуваат на тоа дека трупот кој е пронајден е неговиот татко. -Има два месеци како е исчезнат татко ми. Пронајдовме облека таму кошула што носел, пантолони раздерени разнесени, а под него под земјата што седел најдовме каиш. Се укажува дека е тој, јас веднаш видов дека е тој, по кошулата и до главата кај черепот се познава, вели Ѓорѓиев. Трупот по пронаоѓањето со погребално возило е префрлен во Институтот за судска медицина во Скопје, каде се уште се утврдува дали се работи за исчезнатиот Ристо Ѓорѓиев од делчевското село Очипала. вс/аа/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан