• понеделник, 29 јули 2024

Пронајдено украдено возило во Тетово, приведен сторителот

Пронајдено украдено возило во Тетово, приведен сторителот
Скопје, 25 август 2022 (МИА) - Полициски службеници на СВР Tетово, синоќа во 21:30 часот во Тетово, го лишиле од слобода 45-годишниот тетовец З.Д. поради сомнение дека околу 19:30 часот на улица „Гостиварска“ во Тетово, противправно одзел патничко моторно возило „фолксваген поло класик“ со тетовски регистарски ознаки, сопственост на 64-годишниот тетовец И.Ш. -Taкси возилото, кое било паркирано незаклучено со клучевите во брава, нешто подоцна било пронајдено на улица „146“ во Тетово и вратено му е на сопственикот И.Ш., додека З.Д. е задржан во Полициската станица Тетово за натамошна постапка, соопшти МВР. сст/дма/

Остани поврзан