• сабота, 23 ноември 2024

Пронајдени девет убиени цивили во куќа во Украина окупирана од Русија

Пронајдени девет убиени цивили во куќа во Украина окупирана од Русија

Киев, 29 октомври 2023 (МИА) - Девет цивили се пронајдени застрелани во источниот украински град Волноваха, окупиран од Русија, според руските власти, јави ДПА.

-Двајца од загинатите се деца, соопшти Рускиот државен истражен комитет.

Мртвите биле пронајдени со прострелни рани во приватна куќа.

Осомничениот е руски војник, објави независен руски канал на Телеграм. Меѓу загинатите има татко, мајка, нивните две деца и гости во куќата.

Волноваха се наоѓа во регионот на Доњецк и е окупирана од руски војници од март 2022 година. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан