Пронајдена дрога при претрес во Тетово
- Полицијата го лишила од слобода Л.М.(23) од Тетово затоа што при преглед кај него била пронајдена и одземена марихуана.
Скопје, 6 септември 2024 (МИА) - Полицијата го лишила од слобода Л.М.(23) од Тетово затоа што при преглед кај него била пронајдена и одземена марихуана.
Како што информира МВР, Л.М. вчера, во 15:15 часот, бил лишен од слобода на улица „Браќа Миладиновци“ во Тетово. Полициските службеници извршиле претрес во неговиот дом и помошни простории, каде биле пронајдени три кеси со вкупно околу 150 грама марихуана и една дигитална вага.
Л.М. е задржан во полициска станица и по документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветена пријава. мд/аа/
Фото: МВР