Пронајдена дрога во скопско Јурумлери, приведен дилер на кокаин и марихуана
- Полицајци, по претходно добиена наредба за претрес од Основен кривичен суд Скопје, денеска извршиле претрес во дом на Т.Т. (43) во скопското село Јурумлери. При претресот е пронајдена марихуа

Скопје, 20 јануари 2022 (МИА) - Полицајци, по претходно добиена наредба за претрес од Основен кривичен суд Скопје, денеска извршија претрес во домот на Т.Т. (43) во скопското село Јурумлери.
При претресот е пронајдена марихуана, бела прашкаста материја, дигитална вага и дробилка.
Како што соопшти МВР, Т.Т. откако ќе набавел поголема количина кокаин и марихуана, ја препакувал во помали пакувања и ја продавал.
Т.Т. е приведен и по документирање на случајот против него ќе биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело по член 215 од Кривичниот законик. мд/сп/