• сабота, 24 јануари 2026

Промоција на четири нови електронски услуги од ФЗО на националниот портал за услуги

Промоција на четири нови електронски услуги од ФЗО на националниот портал за услуги

Скопје, 22 јануари 2026 (МИА) - Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, заедно со директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски, денеска ќе одржи прес-конференција по повод пуштање во функција четири нови електронски услуги од ФЗО.

Како што се наведува во заедничкото соопштение од Министерството за дигитална трансформација и од ФЗО, станува збор за три електронски услуги наменети за физички лица и една за правни лица, кои ќе бидат достапни на Националниот портал за услуги - uslugi.gov.mk.

Прес-конференцијата ќе се одржи во Медија центарот на Владата. вг/са/

Фото: МИА архива

 

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан