• понеделник, 23 декември 2024

Промоција на романот „Епитаф за актерот“ на Љубица Кубура

Промоција на романот „Епитаф за актерот“ на Љубица Кубура

Скопје, 1 декември 2023 (МИА) - Романот „Епитаф за актерот“ на Љубица Кубура ќе биде промовиран денеска во Јавна соба.

Љубица Кубура е родена на 29 јануари 1988 година во Белград. Пишува колумни за неколку портали во Србија. Нејзино претходно дело е збирката раскази „Белградски акварел“.

Како што информираат организаторите од СПОНА, приказната што го гради романот е сведоштво за суров талент и непоколеблива решителност да ги оствари своите детски соништа,  тоа е приказната за Крсто Чутур кој зад себе ги остава родителите и браќата, доаѓа во голем град и станува познат актер.

- Романот „Епитаф за актер“ навлегува во нескротливиот дух на човек кој одбива да биде замолчен, заменет и заборавен, дури и кога е соочен со непремостливи пречки. Откако ќе се спушти завесата на животот на актерот, неговата ќерка, која го гледа како модел, почнува да пишува роман за нејзиниот татко, обидувајќи се да го спаси неговото наследство од заборав, стои во соопштението од СПОНА. ар/вј/

Фото: СПОНА

Остани поврзан