• петок, 05 декември 2025

Промоција на Прирачник за справување со родови дезинформации и родово-базирано насилство во дигиталниот простор 

Промоција на Прирачник за справување со родови дезинформации и родово-базирано насилство во дигиталниот простор 

Скопје, 14 мај 2025 (МИА) - Прирачник за справување со родови дезинформации и родово-базирано насилство во дигиталниот простор  ќе биде промовиран денеска во рамки на регионалниот проект „Defend the right to be yourself“, со поддршка од Министерството за надворешни работи на Франција. Изработен е од проф. д-р Ангелина Станојоска од Правниот факултет при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола.

-Прирачникот нуди теоретски рамки, практични примери, механизми за заштита и јасни процедури за пријавување, со цел да им помогне на младите, родителите и институциите да се справат со овие предизвици. Родово-базираното насилство  е резултат на длабоко вкоренетите родови нееднаквости, дискриминацијата и стереотипите кои постојат во општеството. На глобално ниво, овој тип на насилство е признато како сериозно прекршување на човековите права и основен проблем што го попречува постигнувањето на родова еднаквост и социјална правда, наведуваат од „Стела мрежа“. 

Во дигиталниот простор, пак, овој вид насилство добива нови димензии при што „жените и девојчињата често се изложени на лажни информации кои се обидуваат да ги омаловажат нивните ставови, да ги дискредитираат нивните активности и да ги ограничат нивните права“. хс/лв/

Фото: Стела мрежа

 

Остани поврзан