• четврток, 26 декември 2024

Промоција на новите финансиски инструменти на ЕУ за микро, мали и средни претпријатија

Промоција на новите финансиски инструменти на ЕУ за микро, мали и средни претпријатија

Скопје, 5 октомври 2023 (МИА) - Европската комисија во соработка со Стопанската комора на Северна Македонија и „Western Balkans 6 Chamber Investment Forum“ (WB6CIF) денеска организираат регионален хибриден настан на тема „Open4Business - Made in the Western Balkans - Supported by EU”.

Како што информира Стопанската комора, ќе бидат промовирани новите финансиски инструменти на Европската Унија за микро, мали и средни претпријатија што се достапни во регионот преку Инвестициската рамка за Западен Балкан (WBIF) во партнерство со меѓународните финансиски институции.

- Финансиските инструменти меѓу другото се наменети за области како зелени инвестиции и технологии, микрофинансирање, енергетска ефикасност и проекти за обновлива енергија, одржливо земјоделство, циркуларна економија, еко-туризам и претпријатија предводени од жените и младите. Финансирањето ќе биде достапно во форма на заеми, капитал, инвестициски стимулации и техничка помош, се појаснува во соопштението.

На настанот предвидени се обраќања на претседателот на Стопанската комора Бранко Азески, на министерот за финансии Фатмир Бесими и на евроамбасадорот Дејвид Гир. бд/бак/

Фото: МИА архива

Остани поврзан