Промоција на новата софтвер – апликација за лицата со оштетен вид
- Министерството за информатичко општество и администрација во партнерство со Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и Националниот сојуз на слепи лица, денеска ќе ја промовираат новата софтвер – апликација за лицата со оштетен вид, на македонски јазик и албански јазик, симболично наречени Кико и Хана, сега достапна и за iOS уреди.
Скопје, 27 април 2023 (МИА) - Министерството за информатичко општество и администрација во партнерство со Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и Националниот сојуз на слепи лица, денеска ќе ја промовираат новата софтвер – апликација за лицата со оштетен вид, на македонски јазик и албански јазик, симболично наречени Кико и Хана, сега достапна и за iOS уреди.
Најавено е дека на присутните ќе им се обратат министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу, постојаниот претставник на Програмата за развој на Обединетите нации, Армен Григорјанж и секретарот на Националниот сојуз на слепи, Глигор Самарџиски. цр/сп/
Фото: МИА