• сабота, 23 ноември 2024

Промоција на најновата монографија на ИСППИ при УКИМ

Промоција на најновата монографија на ИСППИ при УКИМ

Скопје, 8 февруари 2024 (МИА) – Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања (ИСППИ) при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје денеска ја промовираше монографијата наменета, пред сѐ, за стручната и академска јавност насловена „Може ли нестабилни општествата да поддржуваат стабилни држави - студии на случај на Босна и Херцеговина, Црна Гора, Косово и Северна Македонија“.

Од Институтот соопштуваат дека монографијата е производ на истражувачкиот проект насловен како „Може ли нестабилни општества да поддржуваат стабилни држави?“, кој истражувачки тим го започнал во 2021/22 година.

Велат идејата на тимот била да започне регионално истражување кое треба да даде анализа на моменталната општествена состојба во четири земји – Босна и Херцеговина, Црна Гора, Косово и Северна Македонија.

– Оваа монографија претставува резултат од работата направена од истражувачкиот тим. Трудовите го вклучуваат стекнатото знаење, позициите на авторите, според нивните аргументи, согласно главното истражувачко прашање, стои во соопштението на ИСППИ. ра/нд/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан