Промоција на делата од роднокрајниот автор Билјана Начовски во Делчево
- Јавната локална библиотека „Илинден“ Делчево денеска ги промовираше делата на роднокрајниот автор Билјана Начовски. Промоцијата се одржа во соработка со деветолетката „Св.Климент Охридски“, а целта како што истакна директорката на библиотеката Билјана Петровска е најмалите да се запознаат со творечкиот опус на писателите кои творат на подрачјето на Пијанечкиот регион.

Делчево, 24 март 2025 (МИА) - Јавната локална библиотека „Илинден“ Делчево денеска ги промовираше делата на роднокрајниот автор Билјана Начовски. Промоцијата се одржа во соработка со деветолетката „Св.Климент Охридски“, а целта како што истакна директорката на библиотеката Билјана Петровска е најмалите да се запознаат со творечкиот опус на писателите кои творат на подрачјето на Пијанечкиот регион.
-Библиотеката започнува со повторна промоција на нивните дела пред учениците од нашиот град. Сакаме учениците од близу да ги запознаат роднокрајните автори, нивните дела, да го запознаат и прочитаат нивното творештво, истакна Петровска напоменувајќи пред учениците дека роднокрајните автори создаваат дела кои сведочат за едно минато време, бележејќи го културниот развој на Делчево ичувајќи го од забот на времето.
Авторката Билјана Начовски пред учениците ги претстави нејзините дела „Сила што ќе напише“, „Акорди на моето срце“ и „ Градот“.
-Учениците и поставуваа прашање во врска со нејзиното творештво, се читаа извадоци од книгите. Сите ученици покажаа голем интерес за авторката и нејзиното творештво и поставуваа многу интересни прашања. Учениците исто така од вработените во библиотеката беа запозанени со роднокрајното одделение, начинот на кој се чуваат и почитуваат роднокрајните автори и нивните дела, како и важноста на делата на Начовски за библиотеката, додадоа од ЈЛБ ,,Илинден".
Билјана Начовски е родена во Делчево на 17.07.1980 година. Основно и средно образование завршува во родниот град. Дипломира на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје на групата Француски јазик и книжевност. Работи како наставник по француски јазик и е сопруга и мајка на три деца. вс/дма/
Фото: МИА