• среда, 25 декември 2024

Промоцијата на новите дизајнери во „Лаб дизајн маркет“

Промоцијата на новите дизајнери во „Лаб дизајн маркет“

Скопје, 6 април 2024 (МИА) - Во изложбениот салон и заедница на македонски дизајнери и знаетчии „Лаб дизајн маркет“ денеска напладне ќе започне промоцијата на новите дизајнери кои ќе се приклучат на досегашната понуда на современи дизајнерски и занаетчиски производи.

„Лаб дизајн маркет“, како што стои во најавата, е изложбен салон, којшто се отвори неодамна во центарот „Лабораториум“, односно во индустриската хала на печатницата „Нова Македонија“.

-Маркетот како новитет по прв пат ги поставува на исто рамниште занаетчиските и дизајнерските производи, создавајќи несекојдневен микс од разнородни креативни изрази и нуди приказ во работата на дваесетина учесници и со тоа укажува на една нова современа форма на традиционалните македонски занаети. Покрај современиот филигран, ќе најдете нови трансформации на нашите занаети како ќустеците од мониста, познатата во светот „Македонска мушичка“ преточена во накит, облека од природни материјали со фокус на еколошко производство и заштита на животната средина, производи за домот од дрво, рачно изработени чевли, чанти од рафија итн., најавуваат органиозаторите

Промоцијата има за цел поддршка на локалната дизајнерска сцена, а ќе биде збогатена со музички избор на Љупа Ангелов и пијалак.

-Купувате внимателно и одберете квалитет, повикуваат организаторите на настанот. вг/лв/

Фото: „Лаб дизајн маркет“

Остани поврзан