• вторник, 24 декември 2024

Промотивни флаери за психолошка социјална помош и психолошка прва помош поделени во Кавадарци

Промотивни флаери за психолошка социјална помош и психолошка прва помош поделени во Кавадарци
Кавадарци, 10 септември 2021 (МИА) - Промотивни флаери за психолошка социјална помош и психолошка прва помош поделени се во Кавадарци, информираа попладнево од кавадаречкиот Црвен крст. - Во рамки на регионалниот проект „Зацврстување на отпорноста кај стари лица и лица со попреченост за време на КОВИД-19 и идни катастрофи“ финансиран од Европска Унија, Црвен крст на Република Северна Македонија, Општинска организација Кавадарци, се вклучи во дистрибуција на информативни флаери наменети за промоција на бесплатните телефонските линии за прва психолошка поддршка. Преку 4 лица ангажирани за ПСП и ППП во Општинската организација на Црвен крст Кавадарци,  дистрибуирани се околу 400 информативни флаери, соопштија од Црвениот крст. Оттаму појаснија дека флаерите се дистрибуирани во пензионерскиот дом, во дневниот центар за лица со попреченост, во малиот групен дом, во посебните паралелки во ОУ „Страшо Пинџур“ и во останатите основни и средни училишта. свд/мс/

Остани поврзан