• среда, 27 ноември 2024

Промовиран романот „Старецот и короната“ на тетовскиот писател Јован Дамјановски

Промовиран романот „Старецот и короната“ на тетовскиот писател Јован Дамјановски
Тетово, 2 јуни 2022 (МИА) - Во концертната сала на државното музичко училиште „Тодор Скаловски-Тетоец“ вчера во Тетово се одржа свечена промоција на најновиот 18-ти роман „Старецот и морето“ на тетовскиот писател Јован Дамјановски. Промоторот Даријан Сотировски во неговото обраќање истакна дека има голема чест како млад човек да го прочита романот пред излегувањето и да се соочи со психолошка драма и филозофски роман. Според него, во фокусот на авторот е она што сите го добиваме без да го бараме,а тоа е нашиот живот. - Авторот низ сите свои дела, а особено во 18-тиов роман ја анализира суштината на животот. Човекот се соочува со последиците на нас самите, човекот ја заборави својата приорда и светот почнува да живее во една состојба на себичност во епохални размери. Овој човек е симптом на она што е болно нашето општестовото. Короната кризата удри во темелот на урнисаната човечка цивилизација. Тогаш сите ние исплашени почнавме да го чувствуваме негативниот епилог на денешната цивилизација и да се плашиме за животот, посочи Даријан Сотировски. Авторот во своето обраќање порача дека феноменот на литературата е да се направи допир до животот. Со овој роман, но и претходите психиолошки драми, рече дека се обидува да ги забележи животите на луѓето кои незабележливо минуват низ времето и просторот. - Се обидувам да се најдам и самиот себе си, но и да го најдам вистинскиот човек. Во мојата книжевна работа се обидувам да се служам со филозофската докторина толстоевштина која вели дека човекот не е само добар или само лош, туку го живее животот со сите карактеристки во зависност од условите. Воедно водејќи се од големиот психолог, таткото на комплексната аналитичка психологија и голем мајстор и научник за развој на човековата личност Карл Густва Јунг ги опишувам луѓето кои живеат под маски, обезбедуваат мислење за себе такви какви што тие сакаат да обезбедат, а не како што вистински се во животот. Извлекувам паралела со користењето на маските за заштита од коронавирусот, со маските кои луѓето ги имаат ставено за да се заштитат повторно од другите луѓе, рече Дамјановски. Дел од промоцијата беше и настапот на музичкото трио Шербет кои ја отворија програма со песна на Јован Дамјановски и Андро Апостолски, „Тетово граде мој убав.“. Издавач на романот е Матица Македонска. Корицата на книгата е илустрирана со цртеж од тетовскиот академски сликар Павле Кузмановски.  Авторот Дамјановски е роден 1946 година во Тетово, доктор на науки и универзитетски професор, член на Друштвото на писателите на Македонија од 1992 година. Покрај на романи, автор е и на книги со раскази, драми и сценарија. ас/цр

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан