• среда, 25 декември 2024

Промовирани осум доктори на науки на штипските ,,Митровденски средби"

Промовирани осум доктори на науки на штипските ,,Митровденски средби
Штип, 8 ноември 2022 (МИА) - Осум доктори на науки се промовирани во рамки на 21. Митровденски средби во Штип. По повод 8 Ноември, Денот на ослободувањето, и празникот Митровден, Библиотеката „Гоце Делчев“-Штип и овојпат ги промовираше новите доктори на науки, кои со оваа титула се стекнале во тековната година меѓу двата празника. Оваа година промовирани беа осум доктори на науки, од кои повеќето се од областа на медицинските науки и сите се жени. Според веќе промовираните доктори, ваквите Митровденски средби се од особено значење, бидејќи прво им се оддава почит за она што тие имаат успеано да го направат, а од друга страна се дава мотив за продолжување на работата. Освен доктори на медицински науки, меѓу промовираните се и доктор по англиски јазик, доктор на науки по угостителство и туризам и доктор по економски науки. Митровденски средби е настан што традиционално се одржува од 2002 година, а досега во рамки на истиот промовирани се 230 доктори на науки. вдј/цр

Остани поврзан