• четврток, 14 ноември 2024

Промовирана „Дни, години“ - со наградата „Браќа Миладиновци“ се потврдуваат трајните дострели на поетскиот опус на Башески

Промовирана „Дни, години“ - со наградата „Браќа Миладиновци“ се потврдуваат трајните дострели на поетскиот опус на Башески

Скопје, 21 мај 2024 (МИА) - Со доделување на престижната награда „Браќа Миладиновци“ на поетската книга „Дни, години“, се потврдуваат трајните дострели на поетскиот опус на Димитар Башески, порача денеска писателот Иван Додовски на промоцијата на ова поетско дело, што се одржа во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ во Скопје.

Башевски за неговото поетско дело „Дни, години“ ја доби наградата „Браќа Миладиновци“ за најдобра поетска книга за 2023 година на Струшките вечери на поезијата.

На денешната промоција на книгата, Додовски посочи дека според критиката, Башески создава крајни, тревожни и тешки стихови. Неговата поезија е изворно јасна, емотивна и етички темна. Додевски е на ставот дека „Дни, години“ е најзреалата поетска книга на Башески.

- Според мене, „Дни, години“ е веројатно најзрелата поетска книга на Башески. Се што било препознатливо во неговите претходни книги, овде се наоѓа во еден најчист облик. Во оваа своја поетска книга, според мене, Башески оди чекор подалеку кон еден имажистички модел на возвишена едноставност, која открива најдлабоко значење, вели Додовски.

Тој објаснува дека поезјата на Башески е на загатлив, симболичен и параболичен јазик.

- Во некои автопоетични стихови на Башески, тој зборува за поетот како за творец што преку уметноста во говорот, создава зборовни гнезда. И на тој начин, поетот ја открива вистината за животот, додава Додовски.

Башески денеска се заблагодари за кажаното од страна на Додовски и потсети дека со самото тоа што лани за оваа награда конкурирале 40 поети, значи дека кај нас се пишува поезија.

-Нашава библиотека ја организира оваа средба за да продолжи традицијата на одбележување на овие книги кои ја добиле наградата „Браќа Миладиновци“. Благодарам на Иван Додовски за искажувањето. Јас не можам, а да не паметам како беше тоа на Струшките вечери на поезијата минатиот август. Со колкаво внимание луѓето го следеа неговото искажување. Ние промовираме поезија. Лани во врска со оваа награда имавме безмалку 40 поети кои конкурираа за наградата, тоа значи дека кај нас се пишува поезија, додава Башески.

Според жирито за минатогодишната награда „Браќа Миладиновци“ на Струшките вечери на поезијата, „Дни, годии“ претставува значаен прилог во новите текови на современата македонска поезија. Како што појасни жирито, станува збор за книга со длабоки животни промислувања кажани преку наизглед едноставен поетски јазик.

Градската библиотека во Скопје со децении традиционално го претставува добитникот на наградата за најдобро домашна поетска книга меѓу две изданија на Струшките вечери на поезијата.

„Дни, години“ од Димитар Башевски е во издание на Слово. бт/бак/

Фото: МИА

Остани поврзан