Променливо облачно со сончеви периоди, температура до 15 степени
- Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 6, а максималната ќе достигне од 7 до 15 степени.
![Променливо облачно со сончеви периоди, температура до 15 степени](https://mia.mk/index.php/images/20240213170647_big_730x400_51.webp )
Скопје, 14 февруари 2024 (МИА) - Времето претпладне ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а од пладневните часови облачноста ќе се намалува. Преку ден ќе дува умерен, а особено долж Повардарието и во источните делови, засилен ветер од северен правец, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.
Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 6, а максималната ќе достигне од 7 до 15 степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне 13 степени.
Од утре до крајот на работната недела ќе се задржи стабилно и суво време, а утринските температури постепено ќе опаѓаат. дма/бак/
Фото: МИА архива