Променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од северен правец
- Времето во земјава ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со услови за слаб локален дожд претежно на северозападот. Ќе дува слаб до умерен северен ветер кој краткотрајно во северните

Скопје, 30 март 2021 (МИА) – Времето во земјава ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со услови за слаб локален дожд претежно на северозападот. Ќе дува слаб до умерен северен ветер кој краткотрајно во северните делови ќе засилува.
Утринската температура ќе се движи од 0 до 7, а максималната ќе достигне од 11 до 21 степен.
Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од северен правец. Утринската температура ќе се спушти до 4, а дневната ќе достигне до 18 степени.
Во следните денови ќе преовладува променливо облачно време и со услови за појава на слаб локален дожд и со сончеви периоди кои ќе бидат почести во среда и четврток. Ќе дува слаб до умерен претежно северен ветер кој во средината на денот ќе засилува. До петок температурите ќе бидат во пораст, а за време на викендот ќе биде малку посвежо и врнежливо.