• сабота, 31 август 2024

Променливо облачно со врнежи од дожд, на планините од снег

Променливо облачно со врнежи од дожд, на планините од снег
Скопје, 6 јануари 2021 (МИА) – Времето во земјава ќе биде променливо облачно, во источните делови со кратки сончеви периоди, а во западните со повремени врнежи од дожд, на планините од снег. Кон крајот на денот и во текот на ноќта врнежите ќе се прошират насекаде, а пообилни ќе бидат во западните подрачја. Врнежи од снег повремено ќе има и на некои повисоки места. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен правец. Утринската температура ќе се движи од минус 1 до 5, а дневната од 7 до 13 степени. Во Скопје, претпладне со појава на магла и ниска облачност. Кон крајот на денот и во текот на ноќта со врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.  Утринската температура ќе се спушти до 1, а дневната ќе достигне до 8 степени. Во следните денови ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, на места пообилни. На планините врнежите ќе бидат од снег и ќе се зголеми снежната покривка, а повремено врнежи од снег ќе има и на некои повисоки места.

Остани поврзан