• среда, 27 ноември 2024

Променливо облачно, наместа со пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Променливо облачно, наместа со пороен дожд, грмежи и засилен ветер
Скопје, 10 септември 2022 (МИА) - Времето денеска ќе биде променливо облачно, наместа нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има услови за појава на краткотрајно невреме со силни електрични празнења, силен ветер и изолирана појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 19, а максималната ќе достигне од 26 до 32 степена. УВ-индексот ќе изнесува 6. Како што информира УХМР, во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Од пладневните часови ќе има услови за појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 29 степени. Викендов ќе преовладува променливо облачно време, наместа нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има услови за појава на краткотрајно невреме со силни електрични празнења, силен ветер и изолирана појава на град. Утре и во понеделник ќе дува засилен северозападен ветер што ќе услови мало опаѓање на температурите. дма/

Остани поврзан