• вторник, 24 декември 2024

Променливо и нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и ветер

Променливо и нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и ветер
Скопје, 19 август 2020 (МИА) - Времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а на места ќе има услови за поинтензивни процеси во форма на краткотрајно невреме, информира Управата за хидрометеоролошки работи. Утринската температура ќе се движи од 12 до 20 степени, а дневната од 22 до 31 степен. Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Утринската температура ќе достигне до 18 степени, а дневната до 28 степени. рп/дма/

Остани поврзан