• сабота, 23 ноември 2024

Пролонгирано враќањето на македонските одбојкари во Скопје, гром удрил во авионот со кој летале

Пролонгирано враќањето на македонските одбојкари во Скопје, гром удрил во авионот со кој летале

Скопје, 27 мај 2024 (МИА) - Враќањето на македонските одбојкари кои учествуваа на турнир од Европската златна лига во Белгија е пролонгирано за еден ден бидејќи гром удрил во авионот за време на летот од Цирих за Скопје по што пилотот решил да се врати назад во Цирих. 

Одбојкарите се очекува утре наутро со нов лет да се вратат за Скопје. 

Случката ја потврдил капитенот на македонската сениорска одбојкарска репрезентација Никола Ѓоргиев за „Екипа“ кој изјавил дека додека летале со авионот удрил гром по што пилотот решил да се врати во Цирих. зс/бак/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан