• вторник, 24 декември 2024

Проекција на филмот „Медена земја“ во Рим, во чест на светите браќа Кирил и Методиј

Проекција на филмот „Медена земја“ во Рим, во чест на светите браќа Кирил и Методиј
Скопје, 24 мај 2022 (МИА) - Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска и членовите на државно-црковната делегација предводена од премиерот Димитар Ковачевски, во рамки на вториот ден од посетата на Рим и Ватикан, денеска во киното „Тицијани“ присуствуваа на проекција на документарниот филм „Медена земја“ на режисерката Тамара Котевска. Присутните ги поздравија амбасадорот на Република Северна Македонија во Италија, Весел Мемеди и Лавинија Де Николо, претседателка на Асоцијацијата „Жени дипломати“ при МНР на Италија АЦДМАЕ. Амбасадорот Мемеди изрази задоволство за можноста токму на 24 Мај, на Денот на Светите Кирил и Методиј, македонската култура да биде презентирана пред италијанската јавност. - Се надевам дека медот ќе биде доволно сладок, за да ја натера италијанската јавност да ја посети нашата Медена земја, рече амбасадорот Мемеди. Претседателката на асоцијацијата „Жени дипломати“ Лавинија Де Николо посочи дека станува збор за одличен филм и додаде дека најважниот дел е грижата за околината, нешто што долго време се запоставува. - Гостите и посетителите кои ја проследија борбената и емотивна приказна на Атиџе Муратова, беа топло пречекани и со специјалитети од македонската кујна, информираа од Министерството за култура. Претходно, македонската државно-црковна делегација оддаде почит пред гробот на Свети Кирил во базиликата „Сан Клементе“, каде митрополитите г. Пимен и г. Јосиф одржаа молебен во чест на Св. Кирил. Со проекција на „Медена земја“, беше заокружен културно-уметничкиот дел и програмата по повод традиционалното чествување на светите браќа Кирил и Методиј во Рим. рп/бак/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан