• вторник, 24 декември 2024

Проекција на филмот „Екзитус“ и предавање за Крумов на фестивалот КРИК

Проекција на филмот „Екзитус“ и предавање за Крумов на фестивалот КРИК

Скопје, 5 јули 2024 МИА) - КРИК фестивал на критичка култура, годинава насловен „Желбени машини – уметноста како (р)еволуција“, денеска организира проекција на филмот „Екзитус“ (1989) на Красимир Крумов и предавање на бугарскиот филозоф и теоретичар Станимир Панајотов.

Проекцијата и предавањето ќе се одржат во КСП Центар - Јадро.

Во 1989 година, режисерот Красимир Крумов (1955-2015) го издал својот прв долгометражен филм „Екзитус“, адаптирајќи ја епоничната новела на Златомир Златанов како критика на застојот на доцното социјалистичко бугарско општество. Истата таа година перестројката ја променува земјата засекогаш, и иако без да биде запознаен со тоа, тој успешно ја прикажува филозофската и будистичка проза на Златанов, која влијаела на неговиот прв роман „Удавените“, објавен во 1989 година, одразувајќи естетски и идеолошки протест против задушливата атмосфера на пропаднатиот комунистички проект. Дотолку помалку очекувано, набргу по промените, „Егзитус“ прераснува во трансидеолошко дело, кое истотака, го дијагностицира преминот кон либералниот капитализам и неговите последици.

Предавањето на Станимир Панајотов ќе ја претстави филозофската позадина на Златанов во „Егзитус“ и нејзината поставеност во истоимениот филм; иако накратко ќе претстави како Крумов ги интегрира и литературата и филозофијата во неговото кино, и специфичното вооружување на источната филозофија за време на доцниот социјализам. Предавањето, исто така, ќе се фокусира на улогата на 1990-тите и раниот неолиберализам како и дефинирањето на подоцнежните филозофски дела на Крумов - неговата филозофска проза во „Непознати патишта“, том I и II (2002, 2004) и „Новиот конформизам“ (2015). Крумов ја претставува кинематографијата водена од филозофија, единствена за источно-европската естетика со нејзиниот речиси непосреден одговор на неолиберализмот, рефлектирана и во неговите филмови од 1990-тите и во неговите дела од 2000-тите години. Наследството на Крумов треба да се сфати како осамена и неочекувана критика на доцниот социјализам и раниот капитализам, речиси целосна туѓа и во бугарската, и во источноевропската реалност на раните 1990-ти години, критика која останува трансидеолошка, и взаемно напуштена.

Станимир Панајотов е истражувач на Катедрата за теорија на книжевност, на Институтот за литература, при Бугарската академија на науките. Докторирал на компаративни родови студии на Централно-европскиот универзитет во Будимпешта, а исто така е и постдокторски соработник на Катедрата за логика, етика и естетика на Универзитетот во Софија, работејќи на неговиот проект Немополитика (2023-2026). Претходно, тој бил доцент по филозофија и културни студии (Тјумен, 2021-2023), постдокторски соработник во Центарот за напредни студии во Софија (Бугарија, 2020-2021), а предавал на различни курсеви по хуманистички науки во Будимпешта, Ерусалим и Софија. Тој работи на раскрсниците/интерсекционално на континенталната и феминистичката филозофија, нефилозофијата и доцноантичката филозофија и има објавувано во Minnesota Review, Aspasia, Heathen Harvest, и Metal Music Studies. мч/вг/

фото: КРИК

 

Остани поврзан