Проект на СВР - Охрид за превенција на семејно насилство
- Станува збор за проект од превентивно-едукативен карактер, а се спроведува со понагласени и интензивни контакти на полициските службеници од отсекот за превенција со граѓаните.
Охрид, 11 март 2026 (МИА) – „Има помош, за живот без насилство“ е новата проектна активност што СВР - Охрид отпочна да ја реализира на подрачјето под своја ингеренција.
Станува збор за проект од превентивно-едукативен карактер, а се спроведува со понагласени и интензивни контакти на полициските службеници од отсекот за превенција со граѓаните.
Целта е нивно поблиско информирање за појавните почетни форми и манифестации на семејно и родово базирано насилство, механизми за рано пријавување и интервенирање за заштита на ранливите категории, подигање на јавната свест за превенција и заштита од родово базирано насилство и семејно насилство како и јакнење на довербата во полицијата како една од институциите за собирање информации за родово базирано насилство и постапување за ефективна заштита на жртвите.
На граѓаните им беа поделени и едукативни материјали со пригодни совети од правен и превентивен карактер. аб/вј/
Фото: СВР Охрид