Проект за современ хируршки пристап во лекување пациенти со церебрална парализа на возраст од 1 до 18 години
- Предлог проект за современ хируршки пристап во лекување пациенти со церебрална парализа на возраст од 1 до 18 години, бил фокусот на денешната средба на министерот за здравство Беким Сали со
Скопје, 9 март 2022 (МИА) - Предлог проект за современ хируршки пристап во лекување пациенти со церебрална парализа на возраст од 1 до 18 години, бил фокусот на денешната средба на министерот за здравство Беким Сали со заменик министерот Владимир Рендевски и професорите од Медицински факултет во Скопје, проф. д-р Лазе Тодоровиќ од Клиниката за детска хирургија и проф. д-р Зоран Божиновски од Клиниката за ортопедија.
- Овој проект вклучува тимски пристап на доктори специјалисти од Клиниката за ортопедија, Клиниката за детска хирургија и Клиниката за неврохирургија што ќе опфати комплексни хируршки процедури со цел корекција на одот, намалување на спастицитетот и подобрување на квалитетот на животот кај овие пациенти, напиша Сали на својот фејсбук-профил.
Како што посочува Сали на објавата, опремување на простор, како и дополнителна едукација на специјалистите од оваа област се дел од овој проект за обезбедување најсовремена здравствена заштита на пациентите со церебрална парализа кај нас.фф/лв/