• четврток, 26 декември 2024

Проект за плоштад и паркинг во центарот на Велес, најави градоначалникот Колев

Проект за плоштад и паркинг во центарот на Велес, најави градоначалникот Колев
Велес, 28 октомври 2021(МИА) - Новиот градоначалник на Општина Велес Марко Колев денеска информира дека како приоритет најпрво ќе му биде да се види и да поразговара  со вработените во јавната администрација. Откако ќе има валиден потпис, најави да ги потпише решенијата кои веќе се подготвени. Притоа потенцираше дека меѓу нив нема да бидат решенијата за легализација на изградените дивоградби на бреговите на реката Бабуна во долниот тек. За проектот за плоштад и паркинг на три нивоа со 100 паркинг места во центарот на Велес, рече дека ќе види до каде е за да може да почнат работите. Одговарајќи на новинарско прашање дали ќе останат на работа сите вработени во општинската администрација и дали ќе донесе свој тим, градоначалникот Колев одговори дека е добар познавач на состојбите во Општина Велес. - Има тука доста квалитетни луѓе коишто работат, но секако согласно со потребите, рече Колев. Појасни дека досегашниот градоначалник на Велес Аце Коцевски во заедничкиот разговор го информирал за сите проекти  и слободни раководни позиции бидејќи претходно никој не се јавил на конкурсите за да ги пополни. Додаде дека тој како градоначалник ќе се обиде да ги пополни тие раководни позициии, во делот градежништво, урбанизам и се што значи развој на Велес. Коцевски вчера информира дека со новиот градоначалник Марко Колев имале конструктивен разговор.  -Сметам дека е коректно од моја страна, како досегашен градоначалник, да му дадам еден пресек за состојбата со општината, со вработените, потполнетоста на работните места во општинската администрација, за финансиската состојба, за тековните проекти кои се реализираат во моментов, за некои проблеми што се појавуваат во изградбата на Градски пазар, како во долниот, така и во горниот дел. Го запознав и со  нераспределените средства по грантови, како тоа да се изменаџира, особено сега, во период на носење на Буџетот и Програмите на Општината и друго. Мислам дека беше корисно за двајцата и мило ми е што во една добра деловна атмосфера помина разговорот, потенцира Коцевски. ад/мд/  

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан