• петок, 05 декември 2025

Проект за зајакнување на соработката меѓу полицијата, Ромската заедница и Општина Битола

Проект за зајакнување на соработката меѓу полицијата, Ромската заедница и Општина Битола

Битола, 17 ноември 2025 (МИА) - Општина Битола во соработка со мисијата на ОБСЕ во земјава, претставници на Ромската заедница и СВР Битола одржаа работна средба со фокус на два актуелни проблеми, малолетничките бракови и домашното насилство.

Учесниците на средбата беа запознати со најнови сознанија од работилниците и теренските активности во рамките на иницијативата „НЕ за малолетнички бракови“, спроведувана со поддршка на СВР Битола и здружението „Сумнал“.

На работилницата во Битола, градоначалникот Тони Коњановски се заблагодари за силната поддршка и успешната соработка со Мисијата на ОБСЕ и посочи дека активностите придонеле за значајно унапредување на односите меѓу институциите и ромската заедница.

-Мисијата на ОБСЕ во Скопје во изминатата година организираше повеќе настани кои ги обединија претставниците на ромската заедница и полициските службеници со цел да се изгради меѓусебно разбирање. Европската унија го поздрави формирањето на работната група во Битола, што значително придонесе за унапредување на односите и инклузијата. Како општина, горди сме што активно работиме на десегрегација во образованието и создавање еднакви можности за сите деца, истакна Коњановски.

Мисијата на ОБСЕ ќе продолжи да ја поддржува Општина Битола преку интервенции со брз ефект и стратешки активности, беше соопштено по завршувањето на работилницата во овој град. мт/ац/

Фото: Општина Битола

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан