• среда, 25 декември 2024

Проектот „Сега“ - национален претставник на 17. Венециско биенале за архитектура

Проектот „Сега“ - национален претставник на 17. Венециско биенале за архитектура
Скопје, 12 мај 2021 (МИА) - Со проектот насловен „Сега“, на бирото за проектирање БИНА, нашата држава ќе биде претставена на 17. издание на Венециското биенале за архитектура, што ќе се одржи од 22 мај до 21 ноември годинава. Тимот на проектот најавува дека се работи за симболична претстава на еден отсечок од мноштвото и непосредна асоцијација на човековата идеја за дом и соживот. Проектот е изложбен на група архитекти предводени од кураторите Бекир Адеми и Јордан Шишовски. Како куратори тие ќе го претстават проектот кој е дело на група коавтори: Ана Рафаиловска, Ивана Чаловска, Енис Абовски, Енес Север, Атанас Наумовски, Амине Адеми, Гаврил Бошковски, Елмедина Хасани, Нита Чавoли, Аида Бакали Салиху и Дрен Невзати. Комесар на проектот е директорка на Националната галерија, Дита Старова-Ќерими, а покровител на изложбата е Министерството за култура. Главната тема на 17. Меѓународна изложба на архитектура носи наслов „Како ќе живееме заедно?“. Насловот се фокусира на неколку појдовни точки за истражување и размислување. Најпрвин, според кураторот на изложбата, потребен ни е нов простор и договор, во контекст на проширување на политичките поделби, и растечките економски нееднаквости. Со оваа тема се повикуваат архитектите да замислат простори во кои великодушно можеме да живееме заедно. Заедно како човечки суштества кои и покрај зголемената индивидуалност копнеат да се поврзат едни со други, и со други видови низ дигиталниот и реалниот простор. Директорка на Националната галерија, Дита Старова-Ќерими на денешната прес-конференција посочи дека свеченото отворање на македоскиот павиљон е закажано за 20 мај, и тоа во дворот на палатата Зорзи, седиштето на УНЕСКО, во Венеција. -Нашата земја во континуитет веќе деветти пат се претставува на оваа манифестација, од 2004 па навака. Во 2006 година македонскиот павиљон со проектот „Град на мошни светови“  доби специјално признание од стручното жири. Проектот „Сега“ е симболично претставен како еден отсечок од непосредна асоцијација на човековата идеја за дом и соживот. Сето ова концептуално открива два аспекти на просторното врмеенско суштествување, потребата од издвојување и заштита наспроти потребата за симиоткса релација со околината, додаде Старова-Ќерими. Како што рече, концептот на изложбата се материјализира во дрвена композиција составена од дрвени елементи, сите со различни димензии меѓусебно поврзани во една единствена хармонична, просторна структура. Кураторот Јордан Шишовски на прес-конференцијата рече дека предизвикот се крие во прашањето како да живееме сега, во сите наши различности и заедно во сите наши противречности. -Како да ги разрешиме противречностите без притоа да се загубиме себе? Така создавањето на заедничка егзистенцијален простор им дава констраст на нашите аспирации за просторен идентитет. Со притискање низ ѕидовите и кулите, правоаголник, триаголник и круг, разработуваме врска меѓу многу апстрактни форми и човечки чувства. Така се потпираме на архитектурата како начин на трансцеденција на сегашноста и на гледачот или човекот, додаде Шишовски. Според кураторот Бекир Адеми, да се одговори на прашањето како ќе живееме заедно, несомнено ги надминува човечките можности, за тоа како мислата да се претвори во форма која ќе ги интегрира специфичните податоци за случувањата во пошироки размери, во синтеза со нова, едноставна и најприфатлива тектоника. -Работењето како мултидисциплинарен архитект во држава со бурно архитектонско минато, но со бурна и загрижувачка сегашност, создава можност за веднаш, одеднаш, да се зацртаат можни сценарија за изнаоѓање на потенцијален одговор за карактерот на павиљонот, на изложбата, а следствено и на прашањето. Затоа така е и насловена изложбата, додаде Адеми на прес-конференцијата. Министерка за култура Стефоска денеска изрази жалење што нема да може да присуствува на годинешното биенале во Венеција, но на претставниците им посака достојно да ја претстават македонската култура и уметност. Таа верува дека избраниот проект насловен „Сега“ ќе го даде најдобирот одговор на прашањето „Како ќе живееме заедно?“. -Знам дека овој настан е празник на архитектурата и престиж за секој архитект, но за мене има уште едно значење, животот продолжува, зошто минатата година овој настан беше одложен заради пандемија. Од денеска иако во ограничен број, се отвораат портите и на институциите на културата и кај нас. Културата не е мртва, таа само се подготвува за своја најдобра улога, рече министерката. Посочи дека очекува претставниците да се вратат во најмала рака со признание од стучно жири или со награда. Биеналето оваа година вклучува 112 учесници од 46 земји со делегација од Африка, Латинска Америка и Азија, и со широко женско претставување.бт/дма/    

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан